Љуботен: Овој тутун е нашата пот и од него живееме - да не сакате да крадеме?

Финансиската полиција од утринава спроведува акција во село Љуботен поради основи на соменение за криумчарење на акцизна стока и царински измами.

Неофицијално станува збор за шверц на тутун. Револтирани од акцијата која се спроведува со полиција, селаните го изнесоа тутунот пред куќите и изјавија дека „ако имаат друга работа, нема да работат со тутунот“.

Од Финансиската полиција рекоа дека во интерес на истрагата не можат да соопштат повеќе детали и ги повикаа граѓаните да покажат разбирање во интерес на расчистување на акцијата.

Во селото беше и градоначалникот на Бутел Велимир Стојковски кој кажа дека „тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа“.

„Денеска од граѓаните на Љуботен сум информиран дека има полициска акција. Јас дојдов во селото и утврдивме дека  акцијата ја спроведува финансиската полиција за собирање на нелегалниот тутун кои го имаат селаните во своите домови. Но јас со сигурност тврдам дека не е нелегален, туку е стекнат на начин преку работа на целата фамилија која го ниже цела година и за тоа се информирани сите институции во државата.  Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите„ кажа градоначалникот на Бутел  Велимир Стојковски.

На прашањето зошто има хермелини во селото, Стојковски кажа дека „најверојатно се проценило дека има безбедносен ризик“ и дека акцијата се спроведува во 8 објекти.

Финансиската полиција веќе одзела тутун и машини од објектите кои биле претресувани.

Граѓаните се револтирани.

„Тоа што селаните го работат на нивните ниво, тие сега има го земаат. 

Овој тутун што е најден тука е од потта на селаните. Тие не работат на друго место, немаат од што да живеат, си ги работат своите ниви и живеат од тоа. Тутун и бостан, ние тоа работиме. Уште тоа да ни го забранат и што да правиме, да крадеме?“ - велат револтираните граѓани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега