Љубовницата на италијанскиот политичар пронајдена мртва - нејзиното семејство тврди дека е убиена

Манекенката која беше вмешана во секс скандалот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, починала од труење, а нејзиното семејство тврди дека е убиена.

Девојката која по потекло е од Мароко, Имане Фидал била клучен сведок во судењето за случајот „бунга, бунга“ забавите кои ги приредуваше Берлускони.

Тој исто така се товари дека подмитувалч актерки, манекенки и проститутки да лажат на суд за неговите наводни секс забави.

Италијанските власти покренале истрага за убиство, а деталите и понатаму се непознати.

34-годипшната Фидал починала пред две недели во болница во Милано поради хронично откажување на органите, но информацијата за нејзината смрт во јавноста се појавила вчера.

Таа наводно се ж=алела на хронични болки во стомакот и им рекла на пријателите и семејството, дека стравува дека е отруена, тврди Франческо Грецо, обвинител.

Берлускони е се уште активен во политиката и е на чело на десничарската партија „Напред Италијо“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега