Љупчо Николовски: Благодарам за довербата што сум предложен за вицепремиер за борба против корупција

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека во новата влада ќе биде вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

– Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава. Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, наведе Николовски во објавата.

Тој нагласува дека давам збор оти откако ќе ја добие честа да стапи на таа позиција, ќе даде сè од себе за да донесе максимални резултати со кои граѓаните ќе се гордеат.

– Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека можеме, потенцира Николовски во објавата.

 

Почитувани пријатели, Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава. Му благодарам...

Posted by Ljupcho Nikolovski on Wednesday, 19 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега