Лога не планира да ја напушти Владата и покрај тоа што му пропадна Законот за аменстија
Алијанса за Албанците останува во Владата без оглед на исходот на законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога. Лога во изјава за „Слободен печат“ вели дека како ќе гласаат пратениците е загарантирано со Устав, по информациите дека пратеничката група на СДСМ ќе гласа против потребата од носење на законот за амнестија.
-Владата продолжува со полн капацитет да се справува со сите предизвици до крај. Како ќе гласаат пратениците е загарантирано со Устав – ни изјави Лога.
Како што веќе објавивме, пратениците на СДСМ најавија дека нема да гласаат за Законот за аменстија и покрај тоа што тој доаѓа како предлог од Владата која тие ја поддржуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа