Лондон се ближи до бројка од еден милион милионери

Лондон го надмина Њујорк според бројот на доларски милионери и стана прв град во оваа категорија во светот, според годишното истражување за најбогатите луѓе во светот од страна на агенцијата за недвижнини „Најт Френк“.

Скоро 875.000 граѓани на Лондон имаат по повеќе од еден милион долари, јави Гардијан.

Тоа практично значи дека секој десетти жител на главниот град на Велика Британија е милионер, што покажува дека постои голема разлика меѓу жителите, бидејќи повеќе од 2,5 милиони граѓани на Лондон живеат во сиромаштија (28 проценти), покажаа владини податоци.

Извештајот од студијата покажува дека 874.354 луѓе имаат недвижен имот, вредности и пари кои надминуваат еден милион долари, додека во второпласираниот Newујорк има околу 820.000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега