Лозановска: Бројките го демантираат Филипче, бројот на новозаболени е над 10 проценти од тестираните

Епидемијата ескалира, бројот на новозаболени се зголемува, бројот на згаснати животи се зголемува поради неспособноста на СДСМ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројот на заболени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројот на починати се движи кон 500. Наместо работа со цел да се постигне тренд на намалување на бројката на новозаразени, поитаa да се радуваaт на тоа што четири дена бројката на новозаболени беше под 10 проценти од бројот на тестирани лица. Секој сака тренд на намалување на новозаболени, на стабилизрање на ситуацијата, но за тоа треба да се работи. Дека нема потреба од радување покажуваат бројките. За жал, последната бројка на новозаразени во едно деноноќие повторно покажа дека бројот на новозаболени е повеќе од 10 проценти од бројот на тестирани лица. А болеста се појавува и во оние помали места каде ја немаше, а и  во дел од поголемите градови бројот расте. На пример, Битола од град со реалтивно малку заболени станува лидер во регионот со активни случаи заразени од КОВИД-19. За само две недели бројот порасна повеќе од двојно и вкупниот број е 114 лица позитивни, од кои 60 се активни, вели Лозановска.

Таа додава дека за надлежните се е под контрола иако не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат.

-Во меѓувреме, граѓаните страдаат, секој се снаоѓа како знае и умее. А често, нема термини за испитување, па оние кои можат одат приватно да се тестираат, а што со оние кои не можат да го сторат тоа? Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво. Ако не знаат што да прават има кој знае, вели Лозановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа