ЛШ: Баерн ја победи Барса, Левандовски беше тивок во Минхен

 

Баерн Минхен ја победи Барселона на „Алијанц арена“ со 2:0, а Роберт Левандовски речиси и да не беше забележлив во првото враќање во Минхен. Лукас Хернандез и Лирој Сане на почетокот на второто полувреме постигнаа два гола за баварскиот тим и донесоа важен триумф за тимот на Јулијан Нагелсман.

Ливерпул со многу мака успеа да го победи Ајакс со 2:1. По поразот од Наполи, англискиот тим ги враќа надежите за да ја мине групата. Мохамед Салах донесе водство во 17.минута, но десет минути подоцна израмни Мохамед Кудус. Ливерпул долго бараше втор гол, а го постигна Жоел Матип во 89.минута.

 

Баер Леверкузен го победи Атлетико Мадрид со 2:0, со голови во финишот на мечот. Роберт Андрих во 84.минута го отвори резултатот, а Муса Дијаби во 87.минута го потврди триумфот.

Клуб Бриж го декласира Порто на гости со 0:4. Феран Џутгла погоди од пенал во 15.минута, а во вториот дел голови постигнаа и Совах, Сков Олсен и Нуса.

Ајнтрахт Франкфурт славеше триумф од 0:1 на гости против Олимпик Марсеј. Стрелец на победоносниот гол беше Јеспер Линдстром во 43.минута.

13.09.2022 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега