Лубомир Јовески се сретна со првиот човек на Европравда, Ладлисав Хамран

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран.

-На средбата присуствувале и јавни обвинители од ЈОРСМ, како и јавниот обвинител за врска на Република „Северна“ Македонија во Европравда Ленче Ристоска, информираат од прес службата на ЈОРСМ.

На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, била истакната досегашната соработка на Јавното обвинителство  со оваа европска институција, особено статистичките показатели и можностите отворени со назначување на јавниот обвинител за врска.

Јавниот обвинител Јовески ја презентирал структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство. Притоа, Јовески и Хамран заеднички ја нагласиле важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на сериозниот и прекуграничниот криминалитет.​ 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега