„Луѓе, короната не е чума“ - италијански виролог против хистеријата во врска со пандемијата Ковид-19

Италијанскиот виролог Ѓоршо Палу изјавил дека коронавирусот е опасен, за некои и смртоносен, но дека генерално, смртноста е ниска, и сигурно не е на ниво на чума.

„Мораме да ја запреме оваа хистерија'“, рекол Палу во интервју за дневникот „Коријере дела Сера“, кој се смета за гласник на големата индустрија.

Тој предупредил дека новиот карантин на територија на целата Италија би било самоубиство за земјоделството, казна за студентите и учениците и би значело дискриминација за оние кои боледуваат од другите болести, пред се од карцином, затоа што за нив нема места во болниците.

Палу кој е професор на Универзитет и некогашен претседател на европската асоцијација на виролози, рекол дека веродостоен индикатор на заразата Ковид -19 е состојбата во одделенијата за интензивна нега, затоа што само тој податок дава вистинска слика за заразата.

Неговото гледиште на епидемиолошката ситуација е во јасен контраст со апелите кои овие денови ги упатуваат научниците и јавните работници, но и со наводите на две институции кои се сметаат за врвни авторитети кога станува збор здравјето, Министерството за здравство и Високите институции за здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега