Лукаревска: Голем е интересот за мерката Мој ДДВ, 8 милиони евра за првите три месеци вратени кај граѓаните

Голем е интересот на граѓаните за МојДДВ, само за првото тромесечје оваа година на граѓаните им се вратени 491,5 милиони денари или безмалку 8 милиони евра, нагласи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска  во интервју за емисијата 360 на Алсат телевизија.

-Мерката која СДСМ ја реализира успешно токму преку УЈП, МојДДВ ги исполнува очекуваните резултати и дека ќе продолжи во иднина. Но има и други мерки со кои ги поддржуваме граѓаните. Мерката за субвенционирање на придонесите од плата во висина од 600 до 6000 денари во март годинава ја искористиле 22.231 работодавач за 124.534 вработени, рече Лукаревска. За оваа мерка, додаде Лукаревска, во март се исплатени 250 милиони денари, а во април годинава 327 милиони денари.

Заменик претседателката додадека дека во овој кризен период има зголемена наплата на даноците и тоа во периодот од први до осумнаесетти мај биле собрани околу 40 милијарди денари приходи вкупно, што претставува реализација од 105,84 проценти во однос на планираното за месец мај.

- Овој износ е повисок за 23,10 проценти во однос на она што е остварено лани во истиот период, рече Лукаревска додавајќи дека во истиот период со реализација на данокот на добивка од 122 проценти е натфрлен планот за 22 проценти, кај данокот на личен доход со реализација од 106,36 планот е натфрлен за 6,36 проценти, а кај ДДВ, кој е намален за основните животни намирници, планот е натфрлен за 1,55 проценти, нагласи Лукаревска.

Таа додаде дека од почеток на годината има раст на прходите во споредба со 2021 и со 2020 и 2019 година.

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

20.05.2022 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега