Лукаревска: Граѓаните преку „Мој ДДВ“ ќе можат да вратат повеќе пари

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска имаше прес-конференција на која кажа дека ќе предложи измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица.

„Мерката го слави третиот роденден. Кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Планираме измена на законот од 1 јануари 2023 година, односно зголемување на лимитот. Граѓаните ќе можат да вратат по 2.100 денари најмногу, наместо досегашните 1.800 за тримесечје“, кажа Лукаревска.

Граѓаните до крајот на оваа година ќе можат да враќаат по 1.800 денари најмногу секои три месеци.

01.07.2022 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега