Лукаревска: На граѓаните им е преку глава од национализам, сакаат конкретни решенија за реалните проблеми

Во брзата трансформација што следува, нудиме рамномерен развој и еднакви можности, услови и шанси за секој граѓанин, рече Сања Лукаревска, носителка на листата на ИЕ2, при посетата во општина Арачиново. 

-Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, во подобри услови за граѓаните. Ќе ги покачиме пензиите, најниските дури за 21 % најмалку до крајот на мандатот. Секој родител сака децата да растат и да живеат покрај него. Се обврзуваме дека ќе продолжиме да создаваме услови и амбиент во кој младите луѓе ќе се охрабрат да отворат свој бизнис кој ќе го градат и развиваат. „Можеме е понуда за нова развојна домашна економија, каде го поттикнуваме домашното производство и купувањето на домашни производи”, рече Лукаревска. 

Вели дека сите заедно градиме иднина, а СДСМ се грижи за секој граѓанин и за секое населено место.

Таа рече дека арачиновци ја препознаваат разликата, зошто знаат дека во Арачиново со години беше заборавено и во 21 век имаа проблем со канализација. 

-Денес во тек е изградбата на канализационен систем долг над 10 километри и инвестираме 106 милиони денари”. Инвестициите во градинки, патишта и болници ќе продолжат и во следниот мандат, рече Лукаревска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега