Лукаревска: Откако е СДСМ на власт редовно, транспарентно и неселективно се врши повратот на ДДВ кај правните лица

СДСМ е на правиот пат, кој не води кон европски вредности, патот кој не води да ги враќаме парите кај граѓаните, патот за враќање на достоинството и на зголемување на животниот стандард и од него нема да скршнеме, истакна членката на ЦО на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „На прав пат“ во Кичево.
Порано не залажуваа, наместо по правиот пат не водеа по слепи улички и вложуваа во жални врби, галии, Скопје 2014, стиропор, споменици на знајни и незнајни јунаци, а СДСМ вложува и ќе вложува во зголемување на пензиите, во социјалните услуги, во подобрување на образованието, зголемување на платите во јавниот сектор, нагласи Лукаревска.
Мерката мој ДДВ е мерка која што за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување, рече Лукаревска. Досега, рече Лукаревска има над 175 илјади корисници на оваа мерка, а првата исплата ќе биде во декември, кога 3,5 милиони евра ќе одат директно во џебот на граѓаните.
Откако е СДСМ на власт редовно, транспарентно и неселективно се врши повратот на ДДВ кај правните лица, истакна Лукаревска, додавајќи дека во 2016 биле вратени 11 милијарди денари ДДВ кај правните лица, а оваа година од јануари до август се вратени 17 милијарди денари.
Таа нагласи  дека се сузбива митот за УЈП и другите институции кои изрекуваат казни дека служат за уцени како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. 
Лукаревска на трибината „На прав пат“ во Кичево најави дека следува нов сет мерки, што ќе го вратат достоинството и на земјоделците, студентите, повозрасните, најгласувајќи дека СДСМ е на правиот пат и го остварува она што го ветува.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега