Лукаревска: СДСМ води според статистиките, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило и се спрема за пораз

СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа со Томе Христовски ќе победиме во Крушево, истакна заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиската трибина.

Рече дека програмите за претстојните локални избори, СДСМ ги пишува заедно со граѓаните, слушајќи ги нивните предлози, преку трибините и маалските средби.

-Од друга страна, нашите политички опоненти како се уште да се во некое бунило. Извадија само еден кандидат и се спремаат за повторен пораз. Да не заборавиме дека во 2017 година ни ги оставија општините со големи долгови. На следните локални избори не смееме да дозволиме да се вратиме на расипничкото работење на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Лукаревска.

 Таа додаде дека „работата е кристално јасна во Крушево“, односно дека социјалдемократите ќе победат на локалните избори, а тоа го покажувале и статистиките и споредбените анализи.

 Во своето обраќање пред крушевчани Лукаревска истакна и дека за разлика од единаесетте години режим, изолација и страв последниве четири години веќе се зборува за факти кои овозможуваат единствено добробит за граѓаните и државата.

15.07.2021 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега