Лукаревска во Сопиште: Наместо рамномерен развој, Скопје го доби златниот кафез, а Сопиште ветер и магла, Сончев град изеде десетина милиони евра државни пари

“Почнавме од почеток, од минусно салдо во секој поглед и за само четири години до каде стигнавме, од изолирана и заробена држава до земја членка на НАТО,  од сеење  страв и магла до најтранспарентни во регионот, градиме инфраструктура, изградивме и реновиравме 60 градинки, 80 училишта, ги зголемивме платите и пензиите, ги поддржуваме земјоделците и младите”, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината во Сопиште.
 
Лукаревска додаде:“Ние ги враќаме парите на граѓаните, а тие потрошија милијарди и милијарди ваши пари, без да ве прашаат што ви треба, зашто знаеја што на нив им треба. Сега нема режим, нема страв, нема закани, нема ендеци, направете разлика и гласајте за “Најдоброто” за Сопиште, за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата Сашо Стојановски, за советничката листа предводена од Драган Змејковски. Со подршка на Владата  Сопиште ќе се развива така како што сакаат граѓаните,  градиме она што им е потребно на граѓаните, затоа што разговараме со граѓаните, ги слушаме, затоа што имаме план и визија, затоа што го имаме Најдоброто“.
02.10.2021 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега