Лукашенко загрижен за иднината на народот: Што ќе биде со вас без мене, ќе ве растргнат на парчиња

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, повторно изјави дека не се држи грчевиот до власта поради себеси, туку дека е загрижен за иднината на луѓето во земјата ако на враст дојде опозицијата.

„Што се однесува до претседателот на Белорусија, многу пати велев, тој не се држи за власта со помодрени раце. Не е проблемот во мене. Проблемот е во вас: што ќе биде со вас без мене“, рекол Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

Претседателот не ја исклучил можноста дека можеби ја преценува во тоа својата улога.

„Но јас секогаш ги набљудувам вчерашните ветерани (митингот за поддршка на власта на која учествувале ветерани на безбедносните структури), на вас. Вие треба да живеете во оваа земја. И што ќе биде? Мислите дека тие ќе се сожалат на вас? Дали сте ги виделе? Дали ќе се сожалат? Ќе ве растргнат на парчиња“, рекол белорускиот лидер.

Коментирајќи ги донесувањето на одлуките за важни прашања за земјата, вклучувајќи ги и уставните промени, Лукашенко рекол дека ни тој ни другите структури нема одлуките да ги носат сами, без одобрение на народот.

„Додека јас сум претседател, белорускиот народ ќе одлучува. Само луѓето ќе одлучуваат. Не самиот претседател, не шефот на администрацијата...Најголемите државници, пратениците, нема да одлучуваат сами. Туку ќе му дадат на народот и ќе речат: одлучете за 10, 20, 30 прашања. И како народот ќе одлучи, така и ќе биде“, истакнал белорускиот претседател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега