Мајк Тајсон ги повика Британците да ја легализираат марихуаната, тврди дека ќе се намали бројот на самоубиства

Легендарниот боксер, Мајк Тајсон веќе неколку години се занимава со одгледување и продавање на марихуана во Калифорнија, а сега апелирал да се легализира употребата на канабис во Велика Британија.

Како што објаснил, верува дека тоа ќе помогне во зачувувањето на менталното здравје и дека ќе се намали стапката на самоубиство.

"Кога марихуаната би била легална во Велика Британија, не би морале да се грижите за сите лекови на рецепти кои ги излудуваат луѓето и доведуваат до самоубиства. Таквите работи можат веднаш да престанат. Дефинитивно стапката на самоубиства би се намалила доколку луѓето од Англија добијат шанса да го земаат тој чудесен лек", рекол Тајсон.

Тајсон започнал со овој бизнис во 2018 година, кога изгрaдил наменски ранч под името "Tyson Ranch" од 16 хектари за одгледување на медицинска марихуана, а месечно заработува повеќе од 500.000 американски долари.

Сепак Тајсон има и трошоци со оглед на тоа дека секој ден пуши марихуана. Во изјава дадена во 2019 година, поранешниот боксер признал дека со својот партнер Бритон на месечно ниво за консумирање марихуана издвојуваат околу 40.000 долари.

26.10.2021 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега