Мајка го крена регионот на нозе: „Го оставивте детето да ми умре, а Дарко Лазиќ е важен бидејќи е познат“

Мајката на две годишната Наѓа Петровиќ од Крагујевац која почина во април годинава, откако била заразена од морбили бидејќи докторите ја ставиле во иста соба со заболено дете, напиша статус на Фејсбук, а кој се однесува на, како што вели различниот третман кон пациентите.

Девојчето примило ММR вакцина, иако докторите знаеле дека поради својата автопумина болест не смее да ја прими.

-Нека бидам бесчувстителна, нека бидам одвртна, и не не го жалам ни најмалку, го жалам моето дете кое не доби нега како него. Како тоа Дарко Лазиќ да има посета на интезивна нега 10 пати дневно??? Човек од 40 години кој не е животно загрозен и кој се лекува без здравствено осигурување. А мене знаевте да ми барате аванс од 5.000 евра затоа што книшката не и беше заверена. Јас Наѓа можев да ја посетам само една дневно, а кога умираше дури два пати во текот на денот. Дете од две години, државо. Државо срами се. Тој имаше повеќе конзилиуми за овие 15 дена, отколку Наѓа за 3 месеци. Носите експерти од сите страни за нековиот колк кој е скршен бидејќи е наркоман кој возел дрогиран и истиот му го врадувате, а останатите помлади од него во болки чекаат на тој колк по пет години, напишала мајката на социјалните мрежи.

Мајката била нападната со негативни коментари на социјалните мрежи, по што морала да се огради.

-Да разјасниме некои работи. Објавата која ја напишав за Дарко Лазиќ не ја напишав бидејќи му посакувам зло, далеку од тоа. Тој не е виновен што Наѓа умре. Ја напишав бидејќи сакам сите да имаат ист третман, посочува мајката на починатото девојче.

 

 

 

12.11.2018 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега