Мајка и син од Охрид преживеале драма: Насилно им влегол дома, ги нападнал и им се заканувал

 

Драма се случувала синоќа во Охрид откако И.Б ја искршил вратата од семејната куќа на С.Н и нејзиниот син Д.Н и фрлил со камен по него, ги турнал на подот и им се заканувал, па си заминал, по што полицијата го пронашла и го уапсила.

„Рано утринава во 02,45 часот во СВР Охрид, С.Н.(56) од Охрид пријавилa дека додека заедно со нејзиниот син Д.Н. биле во нивниот дом на место викано “Чекоштина“ во Охрид го забележале И.Б.(30) од Охрид како ја скршил влезната врата и фрлил со камен кон С.Н. а потоа ја турнал на подот упатувајќи закани кон неа и нејзиниот син.

Потоа И.Б. излеглол надвор и ги искршил масата и столиците по што заедно со О.Л.(33) од Охрид кој го чекал во непосредна близина на куќата го напуштиле местото на настанот“ соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Охрид. По превземени мерки И.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а О.Л. бил повикан во полициска станица за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега