Мајка објавила видео од својот расплакан син кој бил малтретиран поради пореметување: „Сакам некој да ме убие”

Јарака Бејлс е мајка на 9-годишниот Квејден Бејлс кој е роден со ахондроплазија, облик на џуџест раст.

Таа објавила видео на кое малечкиот Квејден низ солзи зборува дека сака да умре, а причината за тешките зборови е врсничко насилство токму поради неговото пореметување, пренесува “New York Post”. 

„Би сакал да можам да се прободам низ срцето, сакам некој да ме убие”, вели Квејден во видеото. Мајката вели дека одлучила да го сподели ова видео за да ја подигне свеста за злоставувањето, но и добила совети од родители кои се соочуваат со истиот проблем – дете кое размислува на самоубиство.

„Сакам луѓето да сфатат дека ова е последица на злоставувањата. Злоставувањето е причина поради која децата сакаат да се самоубијат”, вели Јарака во видеото и додава дека “постојано мора да надгледува што тој прави откако ќе спомене самоубиство”.

Исто така нагласила дека училиштата ќе преземат некои мерки и ќе започнат образование за децата за пореметувањата и хендикепот кои другите ги имаат и со тоа да го спречат злоставувањето. Откако го споделила видеото во вторникот, истото е прегледано 11 милиони пати, а бројни организации, но и познати личности му пружиле поддршка на малиот Квејден.

Помеѓу бројните ѕвезди се нашол и актерот Хју Џекмен кој му порачал дека е посилен отколку што мисли дека е и ги повикал луѓето да бидат пољубезни едни кон други.

Оваа приказна особено го потресла американскиот комичар Бред Вилијамс, кој е роден со истото пореметување како и малиот Австралиец, па одлучил да покрене хуманитарна кампања во која досега собрал повеќе од 130.000 долари за детето заедно со своето семејство да замине на одмор во Дизниленд, а авиокомпанијата “Fiji Airways” одлучила да му подари авионски карти.

„Ова не е само за Квејден. Ова е за сите кои во текот на своите животи биле жртви на злоставувања и на кои им било кажано дека не се доволно добри. Да му покажеме на Квејден дека уште постoи добро во светот”, порачал Вилијамс.

Поддршка му изразиле и австралиските рагби играчи кои го повикале да го отвори натпреварот овој викенд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега