Мајка од пеколот: Ги задавила трите деца додека им пеела, 3- годишното момче гледало додека му ги убива сестрите и молело да престане (ВИДЕО)

Полицијата вчера ја уаспила 22- годишната Рејчел Хенри поради сомнеж дека во својот дом во Феникс, Аризона, ги убила своите три деца, едно по едно, а потоа нивните тела ги ставила на троседот за да изгледа како да спијат.

Рејчел ја признала вината, а приведени се за испрашување  и 30- годишниот татко на децата и нивниата 49- годишна роднина, пренесува Реутерс.

Полицијата првобитно соопштила дека прчината за смрта допрва ќе се утврдува и дека на нивните тела бебиле најдени знаци на траума. Но подоцна Рејчел признала дека ги загушила своите три деца- две девојчиња стари 7 месеци и година дена, а после и тригодишниот син, почнала од постарата ќерка.

Рекла дека им ја ставила раката преку устата и носот се додека не престанале да дишат.Рекла дека нејзиниот тригодишен син гледал како ги убива неговите сестри и ја молел да престане, притоа удирајќи ја.

Потоа го задавила и 3- годишното момче на подот од спалната соба додека му пеела.

Помалата ќерка најпрвин ја нахранила, па и неа ја загушила пеејќи и песна.

После тоа Рејчел ги ставила децата на тросед да изгледа дека спијат, а притоа никому не кажала што се случило. Кога нејзинииот сопруг и роднина дознале што се случило веднаш повикале полиција.

Засега не познат мотивот за убиството на децата, но еден од нејзиното семејтво рекол дека таа била зависна од метамфермин и дека последните неколку денови се однесувала чудно.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега