Мајка си ги продала близначињата за да исплати долгови и да си купи мобилен, таткото наместо да ги врати побарал дел од парите

Изреката „крвта не е вода“ не значи ништо за оваа жена. Парите, за неа, се поважни од било што, па дури и од родените деца.

Новопечената мајка од Кина ги продаде своите близначиња за 7.400 фунти (околу 8.300 евра) за да го исплати долгот на кредитна картичка и да си купи нов мобилен телефон.

Таа ги продала момчињата кои имале само две недели на две различни семејства кои живеат 700 километри оддалечени од нејзиниот роден град, пренесува „Дејли меил“.

Жената и нејзиниот партнер биле уапсени од полицијата, а на семејствата кои ги купиле децата им се закануваат по 10 години затвор.

Бебињата биле предадени на грижа кај нивните баба и дедо.

Полицијата откри дека презимето на мајката монструм е Ма. Близначињата ги родила минатиот септември, а бидејќи се родени предвреме, тие биле сместени во инкубатор.

Нејзиниот партнер, со презиме Ву, не се појавил во болницата, па мајката решила да ги продаде децата на странци.

Кинеските медиуми јавуваат дека изјавила дека го сторила тоа бидејќи била без пари и во големи долгови.

Според нејзината изјава, родителите не сакале да помогнат бидејќи забременила, а не била во брак.

Сега следува нешто исто толку шоканјтно.

Таткото во полиција изјавил дека на почетокот не знаел дека неговите деца се продадени. Но, кога дознал, експресно се појавил. Мислите дека се обидел да ги најде? НЕ! Тој се појавил за да си го побара делот од парите кој му следува. Со нив сакал да си ги подмири коцкарските долгови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега