Мајката на 4-месечното бебе од Кочани бара одговор за причините за смртта

Мајката на бебето од Кочани кое почина пред два дена бара одговори за смртта.

Вели дека било препишан само сируп, поради тоа што докторите констатирале оти има болки во грлото и секретот.

Бебето за првпат на лекар било однесено минатата недела.

-После три дена во Брза помош во 03:00 часот наутро, ни кажуваат дека девојчето нема ништо и да не го носиме повеќе бидејќи немало да го прегледаат.  Ни рекоа да продолжиме со „целафексин“ сирупче. Продолживме, но немаше ништо подобро, вели мајката Мартина Величковска.

Сведочи дека откако го однеле на детското одделение ја видела докторката како го притиска бебето за белите дробови.

-Ја отворив малку вратат за да видам како е. Ја видов докторката како го фати детето и го стисна за грлото. Тоа плачеше, а му рече „Доста, не плачи тука. Мамино галениче“. Кога го стисна детето, тоа снема да воздух, почна да рчи го снема. Во тој момент кога докторката забележа оти видов дека го стисна детето ме истера надвор, сведочи Величковска.

Медицинските лица земале брисеви и од бебето и од мајката за се тестираат на вирусот Ковид-19. Како што вели мајката, усно им било речено дека се негативно, но сѐ уште нема официјални резултати за причината на смртта на бебето.

По наредба на Јавен обвинител извршена е обдукција, по што телото им било предадено на родителите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега