Мајката на прегазеното дете од Неготино: Жената што го удри син ми започна расправија со мене

Денеска околу 18.30 часот во Неготино на главната улица „Маршал Тито“ е прегазено 11-годишно момче, додека заедно со своето другарче ја преминувало улицата, пренесува „Фокус“.

11-годишното момче со тешки телесни повреди е пренесено на скопските клиники, па веднаш потоа оперирано.

Мајката на повреденото дете, видно потресена од настанот прашува до кога ќе се газат деца во Неготино и дали ќе бидат преземени конкретни мерки. За „Фокус“ изјавила дека жената која удрила во детето започнала вербална расправија со неа.

-Син ми заедно со другарче ја преминувал улицата кога жената го удрила со возилото. Го ставила во кола, и наместо во болница, со сите тешки и очигледни повреди, тргнала да го носи кај нас дома. Ми се јави телефонски, и кажав дека тргам кон итната помош во градот, и нема што да бара дома кај нас. Но, сепак, таа запрела попат, и му рекла на син ми да излезе од возилото за да види дали може да оди! Кога најверојатно увидела дека станува збор за сериозни повреди, го донесе во итната помош, каде започна вербална расправија со мене. Барав да се повика полиција, но ми рече дека нејзиниот сопруг е полицаец и таа го удрила син ми со брзина од 20 километри на час. Што треба да значи тоа? Јавно прашувам, дали е важно чиј сопруг е полицаец во ваков случај? Нели сме сите исти пред законот? Јас сум самохрана мајка, треба ли да бидам оставена незаштитена поради тоа? Дали е важно кој е и што е било кој возач кој ќе прегази дете? – прашува мајката.

Потресена сум од настанот, од однесувањето на жената која го прегази моето дете, разочарана сум во целиот систем, изјавила мајката на детето за Фокус.

Инаку, на истата улица, каде е прегазено момчето, и пред неколку недели беше прегазено девојче на иста возраст, и тоа на околу десеттина метри од пешачкиот премин. 

08.08.2022 - 22:58
Фото: 
Принтскрин „Фокус“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа