Мајката што удри сестра на КАРИЛ, ќе плати казна

 

По физичкиот напад врз медицинската сестра Љ.П. (34) што се случи вчера изутрина на КАРИЛ, мајката на пациентката која таму починала, 58-годишната В.С. од Тетово, која и вербално и со закани по живот ја нападнала вработената, ќе добие прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Од полицијата за Плусинфо соопштија: – Во врска со вчерашниот физички напад во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде физички беше нападната Љ.П. (34) од Скопје, по преземени мерки од Полициската станица Центар изготвен е записник против В.С. (58) од Тетово за констатиран прeкршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

 

Сестрата е на боледување, а поради стресот што го претрпела, кога вчераутро доаѓала на работното место, таа ќе биде испратена и на психолошка проценка.

 

 

 

09.11.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега