Македонци сведочат за хорор невремето во Грција: Едвај спасивме жива глава

По страшното невреме кое го зафати грчкиот остров Халкидики веќе втор ден по ред се санираат штетите и се трага по исчезнатите лица, а Курир стапи во контакт со сведоци.

Страшното невреме го преживеале околу 10-тина македонски семејства сместени во Неа Потидеа.

-Прашајте не нас 10-тина фамилии дали некој не контактираше од агенцијата, сите не откачија од агенции до хотелиери. Цели соби беа поплавени и сами си ги чистевме, а на крајот се вративме дома бидејќи немаше услови да останеме повеќе, раскажува сведок за КУРИР.

Тој во името на сите семејства кои биле затекнати во невремето вели дека агенциите не мрднале со прст за нив и тие живи глави спасувале цели поплавени со деца и стари луѓе.

-Револтирани сме од агенциите кои ни ги земаа парите, а потоа ги немаше никаде, ниту превоз ни обезбедија за враќање. Ние сме од Радовиш и сами си дојдовме со сопствен превоз, додека други семејства со стари лица и деца останаа да чекаат од агенциите да им обезбедат превоз ако тоа се случи…, раскажува сведокот на страшното невреме за КУРИР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 10:08
Фото: 
курир.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега