Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во бокс без ракавици

Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во бокс без ракавици во велтер категорија.

Во мечот за светската титула на турнирот што се одржува во Мајами, Славески синоќа го совлада Американецот Џејк Лидзи и со едногласна одлука на судиите беше прогласен за нов шампион во оваа категорија.

До победата дојде откако го совлада противникот во три од петте рунди.

Во својата кариера, Славески досега има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување.

По синоќешната победа, Славески се огласи на социјалните мрежи и објавувајќи го постигнатиот успех, напиша – „За мојот народ никогаш да не се зборува во деминутив“.

26.08.2023 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега