Македонија го живее најтоплиот ден: Живата на термометарот надмина 42 степени

 


Македонија денеска се соочува со највисоките температури ова лето,

Живата на термометрите која во некои места надмина 42 степени Целзиусови. Според податоците од мерните станици во 14:00 часот, голем дел од земјата е зафатен од екстремно топол бран.

Највисока температура, дури 42.2, е измерена во Гевгелија. Веднаш по неа следи Велес со 41.3, додека Демир Капија бележи 40.8.

Високи температури се регистрирани и во останатите градови:

Зајчев Рид: 40.3

Струмица: 40.1

Скопје-Петровец: 40.0

Кавадарци: 39.1

Штип: 38.8

Виница: 38.5

Тетово: 38.2

Тополчани: 37.9

Битола: 37.3

Прилеп: 36.9

Крива Паланка: 36.2

Претор: 35.9

Пожаране: 35.8

Ѓуриште: 34.3

Берово: 34.2

Крушево: 33.6

Радовиш Пожар: 32.9

Охрид: 32.6

Маврови Анови: 32.0

Лазарополе: 30.7

Најсвежо е на Попова Шапка со измерени 25.1.

25.07.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега