Македонија на трето место во светот по бројот на починати од Ковид: Како се движеше смртноста во светот (ВИДЕО)
Македонија е трета во светот по бројот на смртни случаи како последица на вирусот Ковид-19.
Анализата која ја направи „Animated Stats“ на социјалната мрежа Јутјуб покажува дека Македонија бележи 3.307 смртни случаи на еден милион жители.
Пред нас се само Перу со 5.987 и Босна и Херцеговина со 3.394 смртни случаи на еден милион жители.
Особен раст на Македонија по бројот на смртни случаи анализата бележи од некаде крајот на март – почетокот на април, кога бевме некаде околу 10 место во светот.
За само месец и половина, односно од први септември до вчера се бележат дури 438 починати на еден милион жители. На први септември таа бројка била 2869.
Погледнете за што станува збор:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа