Македонија пишува историја - Одбојкарите извојуваа победа врз Црна Гора

Македонија испиша одбојкарска историја. 

Во третото учество на европските првенства, нашите момци со две победи на стартот од натпреварите во групата „Ц“ во Скопје, практично си го потврдија пласманот во осминафиналето на континенталното натпреварување.

Вечерашниот триумф над Црна Гора е виза за место меѓу 16-те најдобри на Стариот континент, успех кој досега го сонувавме со настапите на првенствата во 2019 и 2021 година. Вечерва со тактички беспрекорна партија, дојдовме до максимална победа против една квалитетна селекција која беше наш таргет уште пред почетокот на шампионатот.

02.09.2023 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега