Македонија во финалето од Лигата на нациите

Македонија по победата од 2:1 против Косово во Скопје ќе го игра финалето од групата Д во Лигата на нациите.

Македонија прва го отвори резултатот во 16 минута со автоголот на Бенјамин Кололи, кој го промени правецот на шутот на Стефан Ристовски.

Потоа по грешка на одбраната Флорент Хадерѓонај во 29 минута го совлада голманот Столе Димитриевски.

Конечниот резултат го запечати Дарко Велковски само четири минути подоцна со глава.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега