Македонија воведува нов систем за справување при катастрофи со поддршка на НАТО

Со помош на НАТО, Македонија спроведува нов систем за подобрување на интервенциите во реално време и подобро справување со катастрофи како што се лизгање на земјиштето и поплави, објави Алијансата на својата официјална интернет-страница.

Командниот систем за инциденти од новата генерација (NICS) е поддржан од научната програма на НАТО за мир и безбедност (СПС). Откако ќе се воспостави, ќе им овозможи на првите одговорни лица брзо и ефикасно да разменуваат информации за последиците, вклучувајќи GPS локации или слики преку мобилни уреди.


„Овој проект е пример за тоа како Програмата СПС ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО, помагајќи да се подготват земјите-кандидати како Северна Македонија да придонесат за заедничката безбедност и стабилност како предуслов за членство во Алијансата", рече д-р Антонио Мисироли, помошник-секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици по неодамнешната посета на Скопје.

Северна Македонија успешно го тестираше системот за време на теренските вежби организирани од Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) во 2017 и 2018 година. Повеќе од 500 претставници од различни институции се обучени за користење на NICS и сите релевантни јавни тела да се интегрираат и да може да го користат од крајот на 2020 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега