Close Menu
    Најново

    Полицијата го пронајде исчезнатото дете од Кичево

    18.12.2025 во 12:28

    Падна измамник од Охрид: Измамил стружанка за 8.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила дете

    18.12.2025 во 12:23

    Војна Филипче – Шилегов: Го нашле задолжен и со приватни проблеми

    18.12.2025 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Полицијата го пронајде исчезнатото дете од Кичево
    • Падна измамник од Охрид: Измамил стружанка за 8.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила дете
    • Војна Филипче – Шилегов: Го нашле задолжен и со приватни проблеми
    • Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика
    • Внимавајте: Густа магла на патот Неготино-Демир Капија, изменет режим на скопската обиколница
    • Алармантно загадување во Кичево и Струмица: Хронично болните и бремените жени да се ослободат од работа
    • Тошковски потврди: Приведен е Бујар Дарлишта, поранешен директор од редовите на ДУИ
    • Поранешната директорка и вработени во Центарот за социјални работи во Тетово заработија кривични поради лажни инвалидски пензии
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.