Close Menu
    Најново

    Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит – се бара притвор за двајца скопјани

    19.12.2025 во 15:06

    РКЕ со трета одлука за една недела: Повторно поевтинува дизелот – ова се новите цени кои стапуваат на сила од полноќ

    19.12.2025 во 14:55

    Сиљановска-Давкова на средба со Абдула Ерен: ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани

    19.12.2025 во 14:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит – се бара притвор за двајца скопјани
    • РКЕ со трета одлука за една недела: Повторно поевтинува дизелот – ова се новите цени кои стапуваат на сила од полноќ
    • Сиљановска-Давкова на средба со Абдула Ерен: ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани
    • Хотел „Сунце“ во Соко Бања – добитник на „Туристички цвет“, најпрестижната награда за најдобар бањски хотел
    • Скопјанка приведена откако нападнала полицајци во Аеродром
    • Тешко повреден рудар од пробиштипско
    • Одложете го планираното патување во Грција: Вечерва Евзони повторно се затвора за сите возила
    • Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“

    19.12.2025 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.