Close Menu
    Најново

    ГАК: Починатото новороденче немало физички повреди, причината е незрелост на белите дробови

    19.12.2025 во 13:35

    Скопјанка тешко повредена при нагло кочење на автобусот во кој се превезувала

    19.12.2025 во 13:21

    Кандидат за градоначалник од Крушево „купувал“ гласови за 1000 денари – полицијата поднесе кривични пријави

    19.12.2025 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ГАК: Починатото новороденче немало физички повреди, причината е незрелост на белите дробови
    • Скопјанка тешко повредена при нагло кочење на автобусот во кој се превезувала
    • Кандидат за градоначалник од Крушево „купувал“ гласови за 1000 денари – полицијата поднесе кривични пријави
    • Хорор во Тетово: 25-годишник со остар предмет нападнал четири малолетници
    • Филмско пукање во Струга: 48-годишник од автомобил со пиштол изрешетал стан на стружанец
    • Гореше објект на фирма во општина Илинден
    • Скопјанец пронајден починат во својот двор – телото дадено на обдукција
    • Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Агелер: Прашањето за мигрантите да не се користи за собирање политички поени

    17.12.2025 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.