Close Menu
    Најново

    Муцунски од Брисел: Сите држави од Западниот Балкан да се приклучат во ЕУ

    17.12.2025 во 09:15

    Дневен хороскоп: Лавот го очекува нова авантура, стрелецот ќе расчисти внатрешна дилема

    17.12.2025 во 09:06

    Утрово минусни температури во цела Македонија, најстудено во Берово

    17.12.2025 во 08:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски од Брисел: Сите држави од Западниот Балкан да се приклучат во ЕУ
    • Дневен хороскоп: Лавот го очекува нова авантура, стрелецот ќе расчисти внатрешна дилема
    • Утрово минусни температури во цела Македонија, најстудено во Берово
    • Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција
    • Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци
    • Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?
    • ВИДЕО: Ова е новиот состав на СДСМ
    • На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа

    16.12.2025 во 19:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.