Close Menu
    Најново

    Одложете го планираното патување во Грција: Вечерва Евзони повторно се затвора за сите возила

    19.12.2025 во 14:16

    Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

    19.12.2025 во 14:07

    Стојаноски за „Сејф Сити“: Во првите 15 дена од тест периодот нема жртви во Скопје

    19.12.2025 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Одложете го планираното патување во Грција: Вечерва Евзони повторно се затвора за сите возила
    • Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам
    • Стојаноски за „Сејф Сити“: Во првите 15 дена од тест периодот нема жртви во Скопје
    • Паднаа првите притвори за тендерите во ЕСМ: Седум лица зад решетки за грабежот од 7,6 милиони евра
    • Херојот од Сиднеј од продавач на овошје стана милионер
    • ГАК: Починатото новороденче немало физички повреди, причината е незрелост на белите дробови
    • Скопјанка тешко повредена при нагло кочење на автобусот во кој се превезувала
    • Кандидат за градоначалник од Крушево „купувал“ гласови за 1000 денари – полицијата поднесе кривични пријави
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“

    19.12.2025 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.