Close Menu
    Најново

    МВР со засилени контроли: Македонија дел од европската акција ROADPOL за безбедни патишта

    17.12.2025 во 10:25

    Кривични пријави за тетовски превозници: Се обиделе да наплатат милионски суми со истечени договори

    17.12.2025 во 10:21

    Ригорозни безбедносни мерки за „Прегледот на годината со Путин“: Забранети вејпови, батерии и парфеми

    17.12.2025 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • МВР со засилени контроли: Македонија дел од европската акција ROADPOL за безбедни патишта
    • Кривични пријави за тетовски превозници: Се обиделе да наплатат милионски суми со истечени договори
    • Ригорозни безбедносни мерки за „Прегледот на годината со Путин“: Забранети вејпови, батерии и парфеми
    • САД го заострија визниот режим: Повеќе нема да можете да влегувате во Америка со овие пасоши
    • Хорор пар во гостиварско: Ја киднапирале, ја убиле па телото и го запалиле
    • Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Агелер: Прашањето за мигрантите да не се користи за собирање политички поени
    • Преживеаниот напаѓач од Сиднеј се соочува со вкупно 59 кривични дела
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа

    16.12.2025 во 19:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.