Close Menu
    Најново

    Возете внимателно: Има густа магла кај Неготино, најавена блокада на патот Берово – Струмица

    19.12.2025 во 09:54

    Дневен хороскоп: Важен ден за Стрелецот, нови можности за Водолијата

    19.12.2025 во 09:50

    Денеска се слави Свети Никола – обичаите велат да не допирате ножици и ножеви

    19.12.2025 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Возете внимателно: Има густа магла кај Неготино, најавена блокада на патот Берово – Струмица
    • Дневен хороскоп: Важен ден за Стрелецот, нови можности за Водолијата
    • Денеска се слави Свети Никола – обичаите велат да не допирате ножици и ножеви
    • АХВ прочешла над 260 објекти: Повлечени четири серии новогодишни пакетчиња
    • Тошковски: МВР јавно ќе ги сподели сите локации на кои се поставени камерите од системот „Безбеден град“
    • Мицкоски во посета на Алкалоид – официјално ќе биде пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија
    • Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина
    • Времето денеска променливо облачно, наскоро пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Агелер: Прашањето за мигрантите да не се користи за собирање политички поени

    17.12.2025 во 09:41

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.