Close Menu
    Најново

    Крај на блокадата на Евзони, од 15 часот сообраќајот на Богородица е нормализиран

    08.12.2025 во 16:15

    Орбан: ЕУ се подготвува за војна до 2030 година

    08.12.2025 во 16:07

    Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена

    08.12.2025 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Крај на блокадата на Евзони, од 15 часот сообраќајот на Богородица е нормализиран
    • Орбан: ЕУ се подготвува за војна до 2030 година
    • Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
    • Земјоделците се судрија со полицијата на Крит, влегоа на писта – затворен аеродромот
    • Јанев: Спречивме шверц на 60 кг марихуана – работиме македонската гранична линија да биде најнепосакуваната рута за криминалците
    • Николоски: Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар
    • Пресечен меѓународен канал кај Ќафасан: Во „опел“ со струшки таблички превезувал 62 пакувања марихуана
    • Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    СДСМ: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата 

    08.12.2025 во 09:52

    Јанев: Спречивме шверц на 60 кг марихуана – работиме македонската гранична линија да биде најнепосакуваната рута за криминалците

    08.12.2025 во 15:26

    Пресечен меѓународен канал кај Ќафасан: Во „опел“ со струшки таблички превезувал 62 пакувања марихуана

    08.12.2025 во 14:24

    Рација во Скопје: 12 лица завршија во станица поради дрога во една ноќ

    08.12.2025 во 12:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.