Close Menu
    Најново

    Апсење на Meѓународен Аеродром Скопје

    17.12.2025 во 13:36

    Инцидент во училиште во Центар: Родител претепал соученик на неговиот син

    17.12.2025 во 13:26

    Петтмина тетовчани нападнале тинејџерка – заработија кривични

    17.12.2025 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Апсење на Meѓународен Аеродром Скопје
    • Инцидент во училиште во Центар: Родител претепал соученик на неговиот син
    • Петтмина тетовчани нападнале тинејџерка – заработија кривични
    • Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија
    • Трагедија на патот Кочани- Виница: Загина 48-годишник
    • (ФОТО+ВИДЕО) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра од Владата
    • АМСМ: Сообраќајот за товарни возила кон Блаце се пренасочува
    • Стоилковиќ се сретна со Бериша: Македонија и Србија го засилуваат дијалогот за правата на заедниците
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.