Close Menu
Press24
    Најново

    Ја претепал сопругата, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта – кривична пријава за маж од Теарце

    20.11.2026 во 20:08

    Два хороскопски знаци конечно ќе го добијат она што долго го чекаа

    20.11.2026 во 20:00

    Три хороскопски знаци ги очекува голем пресврт

    20.11.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ја претепал сопругата, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта – кривична пријава за маж од Теарце
    • Два хороскопски знаци конечно ќе го добијат она што долго го чекаа
    • Три хороскопски знаци ги очекува голем пресврт
    • Ја пресретнале, нападнале и снимале со телефон – две малолетнички приведени во Скопје
    • Куманово: Се заканувал на сопствената ќерка, татко заврши во полициска станица
    • 47-годишна жена пронајдена почината во стан во Скопје
    • Нов пресврт на судењето за Данка Илиќ: Дедото го смени исказот
    • УХМР со предупредување: Ветер со над 70 км/ч, доаѓа и снегот и мразот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Ја претепал сопругата, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта – кривична пријава за маж од Теарце

    20.11.2026 во 20:08

    Ја пресретнале, нападнале и снимале со телефон – две малолетнички приведени во Скопје

    20.11.2026 во 19:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.