Close Menu
Press24
    Најново

    Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос

    02.11.2026 во 22:25

    Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди

    02.11.2026 во 22:02

    Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца

    02.11.2026 во 21:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
    • Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
    • Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
    • Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
    • Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан да се врати кај својот едногодишен син
    • Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
    • МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и два пиштола при претрес во Скопје
    • Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца

    02.11.2026 во 21:57

    Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан да се врати кај својот едногодишен син

    02.11.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.