Close Menu
Press24
    Најново

    Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

    25.10.2026 во 11:57

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ги повлекува дипломатите и членовите на нивните семејства од Блискиот Исток
    • Трамп: „Ауди“ планира да изгради фабрика во Џорџија за четири милијарди долари
    • Црн биланс во Белгород: Тројца загинати и 14 повредени во нови украински напади врз руската област
    • Многу висока излезност во Србија: До 14 часот својот глас го остварија 46,4 отсто од граѓаните
    • Голема дипломатска најава: Почнаа подготовките за трилатерален самит меѓу Путин, Трамп и Си Џинпинг
    • Малолетник од Боговиње ранет во стомакот од истрел од пиштол
    • Висока излезност на изборите во Србија: До 12 часот гласале 35,1 отсто од граѓаните, редици пред избирачките места
    • (ВИДЕО) Ана Стојаноска ја претстави Македонија на Детската Евровизија во Малта: Енергичен настап и покрај неочекуваниот резултат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Малолетник од Боговиње ранет во стомакот од истрел од пиштол

    25.10.2026 во 13:46

    (ВИДЕО) Ана Стојаноска ја претстави Македонија на Детската Евровизија во Малта: Енергичен настап и покрај неочекуваниот резултат

    25.10.2026 во 13:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.