Close Menu
Press24
    Најново

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

    14.11.2026 во 00:17

    Мицкоски најави повисок студентски оброк и дополнителни попусти: Новиот модел во функција од следната академска година

    13.11.2026 во 23:44

    Зимата пристигна во Хрватска: Падна првиот снег, на планините се очекуваат до 30 сантиметри снежна покривка

    13.11.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ
    • Мицкоски најави повисок студентски оброк и дополнителни попусти: Новиот модел во функција од следната академска година
    • Зимата пристигна во Хрватска: Падна првиот снег, на планините се очекуваат до 30 сантиметри снежна покривка
    • Во емисијата на Елтон Џон, кралот ја одбележа 50-годишнината на својата добротворна организација
    • Меланија Трамп ги претстави новите божиќни украси, но цените предизвикаа лавина реакции
    • Гренланд се враќа на старата временска зона: Парламентот ја изгласа одлуката покрај предупредувањата на премиерот
    • Писмо на Иран до МААЕ: Нема разговори за нуклеарен надзор додека сме под закана од напади
    • Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

    14.11.2026 во 00:17

    Мицкоски најави повисок студентски оброк и дополнителни попусти: Новиот модел во функција од следната академска година

    13.11.2026 во 23:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.