Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мала Богородица: Ден кој навестува каква ќе биде зимата – Неколку работи никако не смеете да ги правите
    • Признанија за Стопанската комора и Азески за поддршката на школата за срцева слабост
    • Левица: Оризарите на загуба, откупната цена е пониска од трошоците за производство
    • ВИДЕО: Тепачка на скопскиот аеродром – Столица „летна” во хаосот
    • ФОТО: Ивана е малолетничката која загина во сообраќајка кај Битола – „Во нашето училиште остана празно место”
    • Ќе нема вода од 9 часот – Водовод најави каде ќе има прекини на стартот на неделата
    • Студено утро, УХМР ги измери температурите – Од денеска следи пресврт со времето
    • Мисајловски во Словенија на состаноци за регионалната безбедност и одбранбена соработка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Мала Богородица: Ден кој навестува каква ќе биде зимата – Неколку работи никако не смеете да ги правите

    21.09.2026 во 08:51

    Левица: Оризарите на загуба, откупната цена е пониска од трошоците за производство

    21.09.2026 во 08:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.