Close Menu
Press24
    Најново

    Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин

    30.10.2026 во 22:01

    Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè

    30.10.2026 во 21:42

    Скокна цената на нафтата

    30.10.2026 во 21:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.