Close Menu
Press24
    Најново

    Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

    13.11.2026 во 12:34

    Мицкоски: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве

    13.11.2026 во 12:30

    Јаневска во посета на Јапонија – Се договараат нови партнерства во образованието и науката

    13.11.2026 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем
    • Мицкоски: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве
    • Јаневска во посета на Јапонија – Се договараат нови партнерства во образованието и науката
    • Мицкоски при пуштањето во употреба на градинката „Лавче“ во Инџиково: Продолжуваме да испорачуваме проекти
    • Од понеделник се отвора експозитурата на „АЛТА банка“ во Прилеп: Еве кои се лимитите за подигнување готовина
    • Честитка од Филипче за Денот на ослободувањето на Скопје: Ќе го вратиме градот на граѓаните
    • Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции
    • Дожд повтроно ќе ја зафати Македонија – УХМР соопшти кога не очекуваат обилни врнежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:482 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски оствари серија средби со меѓународни здравствени претставници во рамки на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, со акцент на размената на искуства, билатералната соработка и справувањето со здравствените и демографските предизвици.

    Меѓу соговорниците на Клековски бил и чешкиот министер за здравство Адам Војтјех. На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а македонскиот министер се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил приоритетите на домашниот здравствен систем.

    Клековски разговарал и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, како и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Во разговорот со Бауер посебно внимание било посветено на демографските прашања со кои се соочуваат земјите во регионот.

    Во рамки на посетата, министерот имал средби и со двајца кандидати за функцијата генерален директор на СЗО – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

    На овие разговори Клековски ги истакнал приоритетите на Македонија и потребата од континуирана поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион.

    На средбите министерот бил придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели, соопшти Министерството за здравство.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве

    13.11.2026 во 12:30

    Јаневска во посета на Јапонија – Се договараат нови партнерства во образованието и науката

    13.11.2026 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.