Maкедонската дијспора апелира да престане политичкото насилство врз македонските пратеници

 

Згрозени сме и вчудоневидени од разните владини притисоци што се извршуваат врз одреден број на пратеници од опозицијата. Сите овие недемократски, антиевропски маневри, се само знак на поразителните владини мерки со цел обезбедување двотретинско мнозинство со кое ќе може да се промени Уставот, а со тоа и промена на името, идентитетот и сѐ што е содржано во македонизмот, се вели во соопштението од Женева на Координативното тело на македонската дијаспора од Европа, Канада и Австралија, пренесува МКД.мк

„Во прилог на политичкиот терор од страна на владеачката антимакедонска гарнитура, сведочи и денешниот настан, кога истакнат македонски активист од дијаспората во Австралија, Ицо Најдовски Перин беше испитуван и приведен поради „нелегални активности”.  Тој само зборуваше пред Собранието и ја бранеше својата национална самоопределба“, се вели во пораката на македонската дијаспора во светот и се апелира - оставете ја Македонија сама да донесе решение за својата иднина!“, стои во соопштението.

 
 
 
 

 

 

19.10.2018 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега