Македонската пејачка со остри критики за евровизиската учесничка: „Како бе вака жено“

Македонската пејачка Сара Костадиновска или Сара Мејс, беше активна на социјалните мрежи каде го споделуваше и своето мислење, додека траеше Евровизија. Будно го проследи и настапот на светската дива Мадона, која беше специјална гостинка во Тел Аиви и одлучи да го изрази своето незадоволство за нејзиното пеење.

Сара на својот профил на Фејсбук напиша коментар посветен токму на настапот на големата музичка ѕвезда и икона.

-Срцебиење имам колку е ниска (интонативно). Мадона, како бе вака жено! – го коментираше Сара настапот на Мадона, но тука не запре со коментарите, бидејќи веројатно не беше задоволна од финалниот резултат и настанот генерално, па се надополни.

-Евровизијо, бруко една! Уа!- пишува Сара Мејс на што доби доста лајкови од своите следбеници, пријатели, обожаватели и секако гледачи на големиот европски музички спектакл.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега